АД ЕСМ ќе бара стратешки инвеститор за гасно-водородни централи во Битола и Неготино
Владата го задолжила АД ЕСМ да почне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно - водородни централи Битола и Неготино, информира владината прес-служба во соопштение по денешната седница на Владата.
На седницата донесена е Одлука за почнување процес за трансформација на производството на електрична енергија со гасно-водородни централи.
-Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за економија за потребата од иницирање проекти за изградба на регионална 800MW гаснo – водородна централа Неготино и 250 - 300MW гасно - водородна централа Битола. Задолжено е АД ЕСМ да отпочне преговори за потенцијален стратешки инвеститор и можна соработка за реализација на проекти за гасно - водородни централи Битола и Неготино), согласно Законот за стратешки инвестиции, информираат од Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа