АА: Тетово стана опасно место за живеење

Тетово стана опасно место за живеење, обвинуваат од Алијанса за Албанците по инцидентот во кој петгодишно дете е повредено поради кучиња скитници.

Од партијата велат дека овој случај е последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на локалната и централната власт.

– И ако ги прашате за овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или  природна катастрофа.  За да ова не биде доволно, кога детето било пратено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар. Градот Тетово, не само што не е безбеден за живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне.  Нема безбедни училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и куќите, дворовите и населбите.  И после сето ова, ние не можеме да бараме одговорност од тие што не поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи, истакна Абдула Османи од Алијанса за Албанците.

 

20.09.2021 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега