80-годишен дедо кажал дека е градоначалник за да пријави настан

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80-годишник од Кавадарци,  информираа од СВР Велес.

Вчера во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

16.07.2024 - 17:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега