22-годишен кавадарчанец пукал со пиштол преку прозорец од возило во движење
Ваташанец вчера испукал два куршуми од гасен пиштол во Кавадарци, информираа од СВР Велес.
Во 16:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.П.(22) од село Ваташа, кавадаречко.
-На улица „Илинденска“ во Кавадарци, додека се превезувал со патничко возило „пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(22) од Кавадарци, преку прозорецот од возилото испукал два куршума од гасен пиштол. Во возилото бил пронајден и одземен пиштолот и неиспукани куршуми кои ги поседувал без одобрение, а биле пронајдени и подигнати и испуканите чаури.
По документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа