21 декември неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница

 

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 21 Декември 2022 година (среда), Денот на наставата на турски јазик, е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница им го честита Денот на наставата на турски јазик.

19.12.2022 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега