14-годишно девојче од Црна Гора кое планирало терористички напад во Австрија

 

Во Грац е покренато обвинение против 14-годишно девојче кое беше уапсено во мај за планирање терористички напад со нож.

Станува збор за дете по потекло од Црна Гора. Во Германија е уапсено уште едно лице кое го планирало овој терористички напад со неа.

Кај 14-годишното девојче е пронајден пропаганден материјал на Исламската држава, нож и секира, а полицијата ја пронашла преку активности и разговори на социјалните мрежи, јавуваат австриските медиуми.Флеш препорачува

Нападот бил планиран во центарот на Грац, а таа имала намера по случаен избор да ги избере жртвите, „неверниците“. Таа испратила слики од нејзините планови за напад преку Телеграм до истомисленици. Откако нападнала што повеќе луѓе, таа планирала самоубиство. Полицијата не знаела кога точно требало да се случи нападот.

„Кронен Цајтунг“ пишува дека станува збор за девојче од Црна Гора кое живее во Грац, но се’ уште нема австриско државјанство, пишува „Јутарњи лист“. Во куќата во која живеела запленети се оружје, облека и компјутер со податоци, а истражителите таму пронашле и пропагандни материјали на ИСИС, со бројни видеа од тепачки и егзекуции.

И покрај бројните докази, девојчето не признало дека го планирало нападот, а се чини дека нејзините родители не знаеле ништо за тоа.

10.09.2024 - 19:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега