ВМРО-ДПМНЕ: Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, Македонија е најсиромашна држава
Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден!
Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација!
Инфлацијата во Македонија е 50% поголема од таа во Еврозоната!
Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20%, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50%!
Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!
Власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра!
Заради СДС и ДУИ секое четиричлено семејство должи по 8.000 евра!
Македонија е меѓу 10-те земји со најголема стапка на криминал во Европа!
Власта ја зголеми цената на струјата за 70% од 2020 до сега!
Сметка за струја од 2.000 денари во 2020 година, сега е 3.400 денари!
Власта плати веќе над 200 милиони евра кон „Бехтел и Енка“, а почеток на градба на автопатите не е ни на повидок!
Македонија е на врвот на листата во Европа според индексот на мизерија! Помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија!
Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години!
Македонија тоне во корупција, тоа го нотираат извештаи на ЕК, Стејт Департмент, Германски стопанственици и странски претставници!
Со оваа власт довербата во судството е само 2%!
Европски фронт на ДУИ и СДС нема затоа што внукот на Афмети, Дрин ја купи „Соравија“ од 30 милиони без да вложи денар!“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа