Зошто постојано се чувствуваме уморни и исцрпени иако спиеме доволно?

Константниот замор е нешто што може многу да го исцрпува нашиот организам и се случува дури и кога сме наспиени. Сонот не е единствен фактор кој ни дава енергија за секојдневните активности.

Навидум неважни работи како хормоните, исхраната и кондицијата играат голема улога во создавањето на замор на нашето тело.

Еве како тие можат да влијаат врз нашиот организам:

Кафето е одличен извор на антиоксиданси, но кога премногу се конзумира, телото се навикнува на него. Смалувањето на количината на кафе која се внесува може да резултира со смалување на заморот наутро.

Иако хормоналниот дисбаланс е вообичаена работа, тешко се открива и лечи. Надбубрежните жлезди лачат хормони и ако сме под стрес тие функции ја губат рамнотежата.

Тешко ли е да пиете по малку вода во текот на денот? Уморот е директна последица од дехидрацијата на организмот.

Повеќе физички активности = повеќе енергија

Ако работата не ви е многу далеку, пробајте да не употребувате автомобил и малку да пешачите. Сигурно ќе ги почувствувате резултатите.

Не мора ни да споменуваме колку е важно конзумирањето на овошје и зеленчук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа