Жена пешак удрена од комбе - пренесена во Ургентен

43-годишна битолчанка е тешко повредена откако вчера во неа удрил 26-годишник од Скопје со товарно возило „рено канго“.

-Вчера околу 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Кирил и Методиј“, товарно возило „рено канго“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(26) од Скопје, удрило во пешакот Б.Н.(43) од Битола.Во незгодата Б.Н. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

 

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

31.07.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега