Земјотрес ја стресе БиХ
Земјотрес со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала е регистриран денеска нешто по 9 часот во облас кај БиХ недалеку од границата со Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 4 километри, на само 8 километри од Метковиќ и околу 39 километри од Мостар.
„Силен татнеж и удар“, „Се слушна звук и многу, многу благо нишање“, објавија читатели од Хрватска од областите Метковиќ, Опузен, Клек и Штедрица на популарната апликација, пренесува „Вечерњи“.
31.07.2023 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа