Заспаната убавица во вистински живот: Тинејџерка од Индонезија спие со недели без да се разбуди - виновникот е ретка болест

Тинејџерката Сити Раиза Миранда од Индонезија е позната како вистинската 'заспана убавина', бидејќи може да спие и по неколку недели без да се разбуди, благодарение на медицинската состојба која се појавува кај 1 човек на 1 милион луѓе.

Сити Раиза Миранда првите симптоми ги имала во 2017-та година, кога 13 дена спиела во нејзиниот дом во Бањармасин во Индонезија.

Нејзините загрижени родители ја префрлиле во болница, каде лекарите ѝ дијагностицирале Клајн-Левинов синдром (КЛС).

По сознанието за нејзината состојба, родителите ја носат Сити во болница каде што спие најмалку една недела.

Нејзиниот татко Мулиади рекол дека неговата 17-годишна ќерка не се буди без разлика што правеле претходно, па затоа ја носат на лекар кога и да има некоја од тие епизоди.

„Не знаеме како да се увериме дали е добро кога ќе заспие, па ја носиме на лекар. Кога и да спие повеќе од една недела, страда од грчеви, така што во тие моменти навистина нѝ е потребна медицинска помош“.

Мулиади додал дека неговата ќерка е здрава и покрај нејзината состојба.

„После прегледите во болница, нејзините лабораториски резултати покажаа дека нејзиното тело е здраво. Таа само заспива на подолг период. Нема лекови кои би можеле да ја разбудат, па затоа чекаме да стане од долгиот сон и да ја однесеме дома“.

За КЛС, како што им објасниле лекарите, не постои лек, но може да се контролира со земање стимуланси за намалување на епизодите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега