Започна исплата на субвенциите кон тутунарите
Како што и ветивме пред тутунарите, веднаш по донесувањето на измените на Законот за земјоделство и рурален развој, започна постапката за исплата на заслужените субвенции кон тутунарите, велат од министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Сите решенија за исплата на субвенциите кон тутунарите за реколтата 2021 година се изготвени и од страна на директорот на Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски се потпишани и проследени до министерството за финансии. Во еден ден, без селекција ја реализираме финансиската поддршка за тутунарите.
Лагите кои изминатиов период беа пласирани денес паднаа во вода. Ова е јасен доказ за сите земјоделци, за сите тутунари, дека Владата навремено ги имаше обезбедено и резервирано потребните средства за исплата на субвенциите.
Кај околу 20.000 производители на тутун, веќе следната недела на своите сметки ќе легнат 1.3 милијарди денари директна поддршка за тутунопроизводството.
Своите субвенции, тутунарите, ќе ги имаа многу порано доколку во Собранието предложените законски измени не беа одоговлекувани и блокирани.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за секој земјоделец. Токму затоа апелиравме и инистиравме на брзо донесување на измените во Законот за земјоделство и рурален развој. Успеавме да ги убедиме пратениците едноголасно да ги усвојат измените во интерес на земјоделците.Со измените на законот создадовме и услови за авансна исплата на субвенциите од оваа година. За прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година.
Дополнително, Агенцијата за за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со обработка на апликациите од јавниот повик за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство и преработка на туутун, кој беше распишан преку програмата за Рурален развој за 2022 година. Пристигнати се 62 апликации за оваа мерка, а истата предвидува поддршка преку кофинансирање на инвестицијата од 4.500.000 денари по корисник“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа