Заев за градоначалникот за Лозово: Нека не ми изиграва локален шериф

Премиерот Зоран Заев денеска му порача на градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски да не „изигрува“ локален шериф, откако вчера Сител објави дека повеќе вработени во општината се жалат на мобинг од страна на општинската управа.

-Мојата порака е таа која што секогаш ја давам, а тоа беше уште првиот момент кога најголем број од градоначалникот кандидирани и поддржани од СДСМ победија – „Да не ми изиграваат локални шерифи и достоинствено да им служат на граѓаните“, рече Заев.

Рече дека не бил запознаен со новите случувања во општината.

-Оваа недела сигурно ќе реагираам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита. Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција. Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар, рече Заев.

Сител вчера објави дека четворица членови на Дисциплинската комисија се мета на раководството на општината и против нив се поднесени дисциплински постапки. Претходно, телевизијата неколку пати објавуваше случаи со мобинг врз вработените.

Инаку, во општина Лозово вработени се 12 службеници, а за три години се соочиле со речиси 30 дисциплински постапки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа