Заев: Пред една година почувствував дека Бугарија ќе биде проблем на патот кон ЕУ

Премиерот Зоран Заев, гостувајќи во емисијата „Стадион“ на Канал 77 радио рече дека лани во октомври почувствував дека Бугарија може да биде проблем на патот кон Европската Унија.

„Првиот проблем кој се јави е нашето кратко и долго име. Република Северна Македонија или Северна Македонија не претставува никакви територијални претензии“, рече премиерот Зоран Заев.

 

Тој додаде дека во периодот кој следувал се разговарало со Бугарија околу запирање на говорот на омраза.

Во однос на интервјуто за бугарските медиумите, Заев вели дека нема ништо погрешно во истото.

„Лидерите треба да водат. Јас чекорам напред кон Европската унија“, додаде Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега