Заев: Остануваме засебни држави, но треба да ги симнеме административните граници

Порано постоеја кавги и проблеми, но сега сите тројца лидери седиме на заедничка маса за да им служиме што подобро на граѓаните, вели премиерот Зоран Заев, во интервју за српската новинска агенција Танјуг, зборувајќи за иницијативата „Отворен Балкан“.

 Премиерот кажа дека ѝ е благодарен на Европската унија за помошта во реформите и унапредувањето во општествата, но дополни дека сепак преостанува и работа која треба сами да си ја завршиме, особено кога станува збор за цврсто пријателство.

-Ќе го забрзаме процесот за поквалитетен живот на граѓаните. Просторот за соработка е огромен и секогаш е оставена вратата отворена за останатите земји од Западен Балкан. Нашиот фокус е поставен на унапредувања, кои можеме да ги сториме и сега, а не да чекаме тоа да се прави за време на пристапните преговори, кажа премиерот.

Заев потсети дека секој граѓанин од овие три земји, кој е на пример заболен од корона, ќе може бесплатно да се лекува.

 -Нашите граници беа постојано отворени и покрај коронавирусот, а истовремено се усогласуваа системите на голем број институции, па затоа сега можевме да потпишеме договор за заедничка одбрана и заштита при елементарни непогоди. Меѓусебно ги признавме и работните дозволи, но она што во претстојниот период е работата на софтверот за да нема чекање на границите за транспортерите, подвлече Заев.

Според него, се постигнуваат голем број резултатите преку проекти со кои директно им се помога на граѓаните, како што би било намалувањето на патарините за граѓаните од трите земји.

-Тука се и хотелите кои ќе нудат за 10% поевтини аранжмани за луѓето од „Отворен Балкан“, вели Заев, додавајќи дека сепак сме засебни држави, но ќе нема повеќе административни граници.

01.08.2021 - 21:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега