Заев ги соопшти резултатите од тестот за коронавирусот- „Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје“

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека го добил резултатот од тестот за ковид-19, кој тој го направи откако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека е позитивен на коронавирусот, и дека тој е негативен.

„Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен.

Многу е важно сите до еден да го чуваме сопственото здравје и здравјето на сите други околу нас. Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје.Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19.“, напиша Заев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа