За една недела 11 починати и 285 новозаболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

 Според секојдневната евиденција на заболени и починати од Ковид-19 на Министерството за здравство во тетовскиот регион за цела оваа недела се бележат вкупно 11 лица кои го изгубиле животот и 285 кај кои е детектирано постоење на коронавирусот. Најголем број на евидентирани имаше во четвртокот, 61 нов заболен, додека во петокот имаше регистрирано најмногу пет смртни случаи.

Доктор Гзим Нуредини од Ковид центарот при клиничка болница Тетово за променливоста на бројките на заболени и тоа колку има потреба од хоспитализации, потенцира дека се уште медицината се соочува со непредвидлива и непозната болест. Околу потреба на луѓето кои треба да бидат на болничко лекување, вели дека состојбата во текот на неделата е слична.

-Во моментот има 45 лица кои се хоспитализирани. Се уште се соочуваме со здравствениот карактер и психички товар со кој се соочуваат лекарите. Еден лекар ќе добие сто повици. Со оглед на непредвидливоста на болеста ние и 100 да имаме кревети сите ќе може да пополниме. Претежно сите хоспитализирани се во тешка состојба и со потреба од кислородна поддршка. Тоа се луѓе со оштетена белодробна површина каде нема можност за размена на гасови, рече Нуредини.

Заклучно со 29 ноември во тетовскиот регион се бележат вкупно 3812 заболени од почетокот на пандемијата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега