Вулин: Ако тие се за независно Косово, јас сум за независна Република Српска

Српскиот министерот за одбрана Александар Вулин денес изјави дека бошњачките и хрватските членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Сефик Заферовиќ и Жељко Комшиќ, гласајќи за предлогот според кој БиХ треба да ја признае лажната држава Косово, покажаа дека не ги интересира што Србите во БиХ мислат и сакаат Србија се распарчи, пренесува Танјуг. 

Во писмената изјава, Вулин го праша претседателот на Србија, Александар Вучиќ, колку долго ќе се залага за неговиот авторитет да ја зачува целата Босна и Херцеговина, што не ја сака цела Србија.

– Претседателе, ако тие не ја почитуваат цела Србија и не ја сакаат Република Српска, до кога ќе треба да ја заштитиме цела БиХ? Претседателе, им простивте што се обидоа да ве убијат во Сребреница, не простувајте им што се обидоа да ја убијат и Србија –  рече Вулин во пораката до Вучиќ.

Тој посочи дека ако тие во БиХ  се за независно „Косово“, тогаш тој е за независна Република Српска.

Во мај, Вулин реагираше и на изјавата на претседателот Пендаровски, кој зборувајќи за прашањето меѓу Србија и Косово, рече дека е „против идејата за корекции на границите меѓу двете земји“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега