Вучиќ: „Пред ОН ќе ги кажам фактите и вистината, нема да им се допадне тоа“
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека принципите на меѓународното јавно право и Косово и Метохија ќе бидат главни теми на говорот што утре ќе го одржи пред Обединетите нации.
Тој истакна и дека не е сигурен дека некому ќе му се допадне неговиот говор.
„Како некој кој долго време се занимава со оваа работа и е ветеран, сакам да оставам трага со тој говор и да ги замолам граѓаните да го слушаат. Ќе биде по пет часот по српско време“, изјави Вучиќ за новинарите во Њујорк.
Тој рече дека ќе ги каже фактите и вистината. „Верувам дека тоа нема да им се допадне на многу луѓе“, додаде тој.
Посочи и дека при изборот на факти и вистина од една страна и дали тоа некому ќе му се допадне, го избира второто. Рече дека можеби ќе зборува подолго од предвидените 15 минути и дека нема да дозволи да биде прекинат.
„Не сум сигурен дека тоа ќе му се допадне на некој, поради општото лицемерие во светот. И за тоа ќе зборувам. Сите се повикуваа на принципи кои постојат ако ги усвоите и ги применувате во секоја ситуација, а не тогаш кога вам ви одговара“, рече Вучиќ.
Според Вучиќ, ако територијалниот интегритет е највисок принцип во меѓународното право, тогаш како се крши Повелбата на ОН и резолуцијата 1244.
„Тука нема принципи. Бараме и овде да важи она што се почитува во Украина, а тоа е територијалниот интегритет на Србија“, рече Вучиќ и истакна дека само за Србија се спротивни принципи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа