Вучиќ: Не го сакаме Косово во ОН, и што сега? Ќе нè бомбардирате?

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека медиумите погрешно пренеле дека Европскиот парламент вчера има донесено резолуција во која се бара воведувае на санкции кон Русија, или во спротивно ќе и бидат ускратени пристапните фондови на ЕУ, оценувајќи дека ЕП донел само препораки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ако на 79 отсто од пратениците на ЕП барањето е да го признаеме Косово и дека е тоа најбитната препорака, ова само потврдува дека доколку воведеме санкции кон Русија, утре би не потапкале по рамето, а задутре веќе би се појавила нова резолуција за признавањето на Косово, изјави Вучиќ и додаде дека „не е заинтересиран за меѓусебно признавање со Косово“.

Тој оцени дека е важна суштината на текстот и дека „не се во прашање само санкции кон Русија, тоа што го бараат од нас е многу потешко од воведувањето санкции-тоа што го бараат е меѓусебното признавање“.

„Ние кажуваме дека не го сакаме Косово во ОН и што сега – ќе не бомбардирате, ќе ни се заканувате со санкции?“, праша Вучиќ, а пренесе „Н1“.

 
25.11.2022 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа