Вучиќ најави враќање на задолжителниот воен рок

 

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека на средбата со претставниците на Генералштабот и министерот за одбрана Милош Вучиќ се разговарало за враќање на задолжителниот воен рок.

„Генералштабот и министерот за одбрана изнесоа убедлив аргумент дека треба да се врати задолжителната воена служба, но треба да се исполнат многу финансиски, логистички и други претпоставки. До 1 мај треба да ми ги достават сите предлози, потоа ќе седнам со воениот кабинет и со Генералштабот, со Владата на Србија и да видиме, ако има позитивна одлука, таа би отишла пред Собранието на Србија“, рече Вучиќ, цитиран од Танјуг.

Тој посочи дека треба да се забрза производството на новиот 30-милиметарски топ, бидејќи тоа би било важно за борбената станица за далечинско управување.

Далечински управуваната борбена станица е вооружена со митралез и е наменета за уништување на индивидуални и групни цели, лесно оклопни возила како и лесно утврдени објекти на ефективни растојанија до 1.200 метри.

30.01.2024 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега