Возачи внимавајте: Сообраќаj по влажни коловози, снег во Делчево, Дебар, Ѓавато и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има во Делчево, Дебар, Ѓавато и Буково, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

03.02.2023 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа