Во три хороскопски знаци се раѓаат најголемите нарциси

Ако некогаш сте имале работа со нарцис, веројатно тоа е искуство кое не сакате да се повтори. Во случај да сте немале, тогаш дефинитивно тоа е нешто што не сакате да го доживеете.

Не велиме дека сите луѓе родени во овие знаци се нарциси, но, како што наведува „Your Tango“, овие три знаци покажуваат многу нарцистички карактеристики.

Бик

Биковите понекогаш веруваат дека се подобри од сите и дека заслужуваат повеќе од сите. Им недостасува емпатија, бидејќи ако нешто не им се случува ним, немаат потреба да размислуваат за тоа. Тврдоглави се и сакаат секогаш да биде ‘по нивно’, а често имаат проблем со лутината. Вистински мајстори се за манипулација и знаат да бидат плитки и материјалисти.

Лав

Лавовите имаат многу голема самодоверба и многу е тешко да не заклучите дека се нарциси. Убедени се дека цел свет се врти околу нив и дека така и ќе остане што и да прават тие. Иако делуваат дека имаат огромна сабодоверба, тие всушност длабоко во себе се многу несигурни, а тоа е карактеристика на нарцис.

Шкорпија

Ако се чувствуваат добро, Шкорпиите не покажуваат нарцистичко однесување, но ако некој ги издаде или повреди, веднаш ќе се фокусираат на одмазда и нема да им е грижа кого ќе повредат со тоа. Нивната одмазда е ладна и пресметана, а понекогаш како да не гледаат ништо лошо во тоа да ги искористат другите за да си ги исполнат своите цели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега