Во Словенија се појави и нигериска варијанта на коронавирусот

По британската и јужноафриканската варијанта на коронавирусот, во Словенија е потврдено е присуството и на нигериската варијанта и досега се регистрирани најмалку седум случаи на таа варијанта, објавија во средата словенечките медиуми, повикувајќи се на Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна.

 

Со последователно секвенционирање на десет проценти од случајно избраните примероци на позитивни тестови за основниот тип коронавирус, лабораторијата се обидува да утврди присуство на нови варијанти кај популацијата и официјално ќе ги објави досегашните резултати во четврток.

Како што објавуваат медиумите, варијантата на коронавирусот Б1.525, позната како нигериска, е потврдена минатата недела во 4 примероци од централниот дел на Словенија, а досега се потврдени најмалку 7 вакви случаи.

Нигериската варијанта е најраспространета во Данска, Велика Британија, Нигерија и САД.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа