Во прегреан автомобил во Бања Лука е најдено тело на четиригодишно девојче

Телото на четиригодишно девојче е пронајдено во автомобил во двор на куќа во Доња Пискавица, село Драгичевиќ, јавуваат локалните медиуми.

Според Независне новине, причината за смртта била топлина, односно екстремно прегревање.

Со цел да се утврди точната причина и околностите за смртта на детето, дежурниот обвинител наредил да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина на Република Српска и да се преземат сите истражни дејствија и мерки.

 

01.08.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа