Во Хрватска речиси двојно поголем број на новозаболени од коронавирус

Според денешниот пресек на епидемиолошката состојба во Хрватска, бројот на новозаразени со коронавирус е двојно зголемен во споредба со претходниот (повеќе од 3.200), а епидемиологот Бернард Каиќ предупреди дека е исто толку лош како и на почетокот на вториот бран на крајот на минатата година.

„Мислам дека затворањето на терасите е една од работите што ќе се најдат на маса“, рече Каиќ за загрепската Н1 телевизија.

Во однос на вакцината на „Астра зенека“, Каиќ посочува дека во Хрватска немало случаи на тромботична тромбоцитопенија.

Тој додаде дека во моментов нема доволно податоци за промена на препораките во врска со оваа вакцина.

Премиерот Андреј Пленковиќ синоќа изјави дека имунизацијата со таа вакцина ќе продолжи во Хрватска, по објавувањето на најновото мислење на Европската агенција за лекови.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега