Во Црна Гора стигнаа кинеските вакцини - ние го добивме капарот

Контингент од 30.000 дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ пристигна во Црна Гора.

Вакцините во просториите на Монтефарм ги пречекаа министерот за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ и амбасадорот на Кина во Црна Гора Лиу Џин.

Минатата недела започна вакцинацијата на вработените во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) кои работат со пациенти кои заболеле од коронавирус, а првата вакцина ја прими министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.

Во Македонија пак пред три дена беше повлечен капарот за кинеските вакцини.Од министерството за здравство известија дека не била усогласена документацијата помеѓу нашето МНР и МНР на Народна Република Кина и велат дека вакцините не се откажани.

„Разговорите се во завршан фаза, не станува збор за откажување на договорот. Вакцините против Ковид-19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја“, изјавија тогаш од кабинетот на МЗ Венко Филипче.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега