ВМРО-ДПМНЕ: Зечевиќ и Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Арсовска, затоа лажат и манипулираат

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го загрозуваат проектот за пречистителна станица.

„Вистината е дека Зечевиќ и Ковачевски имаат бизнис интерес од турскиот фаворит на Арсовска, затоа лажат и манипулираат. Скопјани се жртва на алчноста на СДС и Данела Арсовска. Проектот за пречистителна станица од страна на Златко Перински е воден согласно препораките на ЕИБ, што и го потврдија од банката, за разлика од него, Арсовска сакала да влијае во постапката и менува Комисија среде процес. Желбата за криминал на коалицијата СДС и уценетата Арсовска го руши имиџот на градот Скопје пред меѓународните институции“, велат од партијата.

Од партијата велат дека СДС и Арсовска лажат, а тоа го потврди и ЕИБ.

„Тие се штитат помеѓу себе заради провизиите на Арсовска и нејзиниот турски фаворит. Доколку имаше криминал, со вакво партизирано обвинителство и МВР, одамна ќе имаше епилог. Се што прави СДС е во ек на најголема криза, наместо да работи, троши народни пари за црна кампања против Мицкоски, расфрлајќи над 100 илјади евра за билборди, флаери и реклами. СДС се уплашени за својот рејтинг, кој е на дното заради нивната неспособност, неработа и антидржавно делување“, порачаа од опозицијата.

27.09.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега