ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо решенија во пресрет на училишната година нуди проблеми

Зоран Заев и неговите министри во услови на пандемија со КОВИД-19 наместо решенија за проблемите и предизвиците, тие системот го доведоа до колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение испратено изутринава.

Оттаму истакнуваат дека наместо скрининг на вработените и обука за работа во услови на корона пред отворањето на градинките власта приоритет ставила на личните и партиските интереси.

-Сега поради негрижата на Владата на СДСМ речиси секој ден слушаме за заболени деца од градинките, за заболени лица кои работат во истите што води кон сериозен проблем во и онака лошата ситуцаија со корона кризата. Заборавено и со низа на проблеми остана и образованието. Владата на СДСМ го одложи и стартот на учебната година која имаше време да ја подготви, но наместо на тоа акцентот го ставија на предизборен поткуп и на лични и партиски интереси.           Негрижата кон младите резултира со тоа децата да немаат прецизни насоки за тоа кој и како ќе ја следи наставата, води до тоа 40 илјади деца да немаат можност да ја следат онлајн наставата, се вели во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дек анезаинтересираноста за образовниот процес резултирала со тоа што обуките за наставниот кадар и на помалку од десет дена од предвидениот старт на учебната година да не се ни почнати.

-Владата предводена од СДСМ и неодговорното однесување на Зоран Заев и неговите министри го ги направија нефункционални  здравствените институции, градинките и обраовните институции. Одговоро немаат ни за колабираната економија. Зоран Заев и неговите министри не се решение на проблемите, тие ги создаваат проблемите, се вели во дописот од опозициската партија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа