ВМРО-ДПМНЕ: Вечерва Заев докажа дека е срам за Македонија

Срамота е премиер да не знае да одговори како ќе се соочува Македонија со КОВИД-19,велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на интервјуто на премиерот Зоран Заев за Канал 5.

Оттаму велат дека моменталната Влада е пиши - бриши проекти.

-Единствено Зоран Заев што направи е продавање на се што е македонско. Заев не одговори дали Гоце Делчев ќе остане Македонец. Заев не одговори кога ќе се расчистат аферите „Дака“, „Рекет 2“, „Шпанско село“ итн. Заев не одговори дали ќе одговара за се што се има огрешено. Заев не одговори дали ќе престане со политичкиот прогон кој го врши врз неистомислениците. Заев не одговори зошто Македонија според извештаи е хибриден режим. Заев не одговори дали ќе го реши проблемот на лозарите, се вели во рекацијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев не одговорил кога ќе ги врати, како што велат, украдените пари од граѓаните.

-Заев не одговори зошто секој ден се затвораат фирми. Заев не одговори зошто се покачи струјата на 7.4%. Заев не одговори зошто има над 40.000 граѓани невработени. Заев не одговори зошто Македонија има пад на БДП на -12.7%. Заев не одговори зошто над 500.000 граѓани живеат со 50-тина денари дневно и се на раб на егзистенција. Заев не одговори зошто Македонија има најмногу починати од КОВИД-19. Заев не одговори до кај се капиталните инвестиции, зошто Македонија е слепо црево во Европа според инфраструктурата, се вели во реакцијата.

Од опозициската партија тврдат дека владата единствено е сервис на своите интереси.

-Оваа влада не работи за граѓаните и нивното добро. Владата на Заев единствено нуди криминал, корупција, сиромаштија и лаги, се вели во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега