ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира во 11 градови: „Оставка на Заев, слобода на народот“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утре најавува протести во 11 градови на кои ќе се бара оставка од премиерот Зоран Заев по контроверзното интервју за БГНес.

-Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината.  Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (30.11.2020) во 18:00 часот на протест во 11 градови. Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев. Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, се вели во соопштението од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега