ВМРО-ДПМНЕ: СДС си најде партнер за насилство во Левица

 

Во недостаток на идеи, во насилството партнер на Филипче и СДС им е пудлицата Димитар Апасиев, реагираат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и СДС деновиве во Собранието приредија драма, пцовки, или недолично однесување наместо аргументирана дебата.

Ова недолично однесување кое Филипче го манифестира преку својата пудлица Апасиев е сликата за опозицијата во државата.

Сликата која Филипче ја прави е слика полна со навреди кон семејствата на поединци.

Додека СДС и Левица практикуваат навреди, насилство, недолично однесување, ВМРО-ДПМНЕ нуди поинаков пристап кој нуди решенија за граѓаните и за државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема време за ваков примитивен пристап во законодавниот дом и воопшто на општествената сцена. ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото недолично однесување на СДС и Левица. ВМРО-ДПМНЕ работи единствено во интерес на граѓаните и државата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

23.11.2024 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега