ВМРО-ДПМНЕ: СДС лажеше дека ќе направи 550 километри автопат и 1100 километри регионални патишта

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ излажала дека ќе изгради 550 км автопат и 1.100 км регионални патишта.

„СДС лажеше дека ќе направи 550 километри автопат и 1100 километри регионални патишта, за сега да се фали со 70 милиони за локални патишта. 5 ипол години како СДС е власт нема нова инфраструктурна инвестиција. Автопатот Кичево - Охрид не е мрднат од мртва точка, состојбата е иста како што беше во време на ВМРО-ДПМНЕ. Буквално нема поместување“, велат од партијата.

Од партијата порачаа дека СДСМ со години ветувала автопат Скопје - Блаце, а заглавија уште на првите неколку метри.

„Експресните патишта кои ги почна ВМРО-ДПМНЕ од Штип до Кочани и Штип до Радовиш уште се во фаза на изградба, а за патот кон Прилеп воопшто не се ни зборува. СДС е тотален дебакл на инфраструктурно поле. Се е застанато 5 ипол години. Се трошат и до 4 милијарди евра од буџети, а никој не знае на што. Нема ништо видливо, нема ниту еден проект. Колку подолго СДС е на власт, толку подолга ќе биде агонијата за Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори, за смена на СДС и влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја води Македонија напред“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

27.09.2022 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега