ВМРО-ДПМНЕ: Пописот по стандарди и методологија на Заев е само една политичко-пазарџиска операција

Намерата на власта да спроведе попис без почитување на европските стандарди и според методологија на Заев е гаранција дека тоа нема да биде статистичка туку политичко-пазарџиска операција, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста испратено утрово.

Според партијата, затоа во скратена постапка, без претходна јасна методологија власта носи закон за попис кој нема општествен консензус.

-Дополнително  тоа што истиот попис е врзан со врзан потпис, говори дека се подготвува фалсификат од кој нема да има корист никој, а најмалку Македонија. Голем број земји во Европа ги одлагаат своите пописи поради епидемијата, а Заев насила турка попис за да може да ги прикрие своите однапред штелувани резултати. Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставуваат на политичкиот пазар на Заев и доколку власта оди со носење на овој насилен закон, спротивен на европските стандарди за попис,  ВМРО-ДПМНЕ ќе почне иницијатива на собирање потписи во Министерството за правда и како резултат на таа иницијатива ќе достави предлог-закон во Собранието со кој што ќе се поништи законот за попис, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега