ВМРО-ДПМНЕ: Несоодветната постапка за работа на градинките го загрози здравјето на децата

Зоран Заев и неговата министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска не знаат ништо друго освен да ги лажат граѓаните, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на Шахпаска.

Од партијата наведуваат дека Заев и Шахпаска со несоодветната постапка и несоодветните протоколи за работа на градинките го загрозија здравјето на најмладата популација, на децата. Негрижејќи се за децата си поигруваат со родителите.

„Знаат ли воопшто во владата предводена од СДСМ што е потребно да се направи за работата на градинките во ситуација на пандемија со КОВИД-19. Очигледно не, бидејќи со самото отворање на градинките се појавија проблеми, од ден на ден слушаме само за заболени деца и за заболени меѓу вработените. Бројот на заболени деца од ден на ден само расте.

Како што нема грижа за најмладата популација, така Шахпаска нема визија ниту за возрасните во земјава, за пензионерите. Досега владата на СДСМ само ги лаже пензионерите и нема ништо од ветуваното покачување на пензиите освен по некое фрлање трошки.

Корумпираната екипа на СДСМ ниту може, ниту знае да зборува за општество на еднакви граѓани и општество на социјална правда. Само за неколку месеци годинава без работа на улица останаа повеќе од 40 илјади граѓани.

Народот со корумпираната екипа предводена од Заев само осиромашува.

Мафијата, криминалот и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега