ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЈСП со закани за физичка пресметка на советникот Јаневски

Денеска имаше жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од ВМРО-ДПМНЕ.
 
ВМРО-ДПМНЕ вечерва објави ново соопштение во кое советникот Јаневски кажа дека директорот на ЈСП сакал физички да се пресмета со него.
 
„По завршувањето на денешната седница, в.д. директорот на ЈСП Скопје лично ми се закани дека физички ќе се пресмета со мене! Критиките кои ги упатив за неговото неработење, непочитување на одлуките на Советот на Град Скопје како и самоволието на директорот, беа причина тој да ми упати закани во неколку наврати! Како млад политичар со интегритет, кој секогаш ги брани интересите на граѓаните, никогаш нема да потклекнам на притисоци и закани од било кој поединец или група и ќе продолжам да работам во интерес на граѓаните на Град Скопје“, се вели во соопштението.
29.09.2022 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа