ВМРО-ДПМНЕ: Дали министерката Тренчевска ги видела фотографиите од брутално истепаното бебенце?

Дали директорката на детската градинка Цветови и министерката Тренчевска ги виделе фотографиите од брутално истепаното бебенце? Или политички се принудени да глумат како да не виделе ништо? прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорност за брутално истепаното бебе мора да има. Одговорноста е кај Тренчевска која му ги одзема ингеренциите на градоначалникот на Гевгелија и и го продолжи мандатот на директорката Стефановска на која ова не и е прв случај на насилство.
Ги повикуваме Тренчевска и Стефановска уште еднаш да ги видат фотографиите пред следен пат да пуштаат соопштенија дека се работи за детска игра.

За овој случај мора да има одговорност и оставки, а не комисии од типот на комисиите на Филипче за Јилдиз, за Ковид трагедиите кои немаа никаква разрешница“, се вели во соопштението на опозицијата доставено до медиумите.

Немањето на одговорност и покрај тоа што признаваат дека се случил таков инцидент предизвикува во иднина да продолжат таквите инциденти и немили настани, додавааат оттаму.

24.11.2022 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа