ВМРО-ДПМНЕ: Блокада на булеварот Борис Трајковски како револт на одлуката за преименување улици

Блокада на булеварот Борис Трајковски кај фабриката „Усје“ најави за денеска советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадата ќе биде во интервал од 13 до 14 часот, информираа од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат повлекување на точката за преименување на улиците во Скопје и истата треба да се најде на дневен ред на утрешната седница на Советот на Град Скопје.

„Не е почитувана процедурата за менување на имињата. Не е одржана јавна расправа во која ќе бидат консултирани релевантни авторитети и институции за адекватноста на самите имиња. Спроведена е само анкета која нема никаква релевантност во целиот процес. Шилегов со предлозите за менување на имињата на улиците прави идентитетско обезличување на Скопје и скопјани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа