ВМРО-ДПМНЕ: Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи

„Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие аферата Броило, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони. Додека Македонија тонела во енергетската  криза  на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија порача дека народот треба да знае дека додека 12 илјади фирми затвориле, некои фирми блиски до власта профитирале од таа криза.

„Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кои се фирмите- кризни профитери кои заработиле во време на криза додека целото стопанство тоне а граѓаните осиромашуваат. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кој и како им овозможил на овие фирми да ги добиваат ваквите бизниси? Скандалот Броило ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани.Скандалот Броило ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 
01.10.2022 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега