Владин тим утре патува надвор од Македонија – ќе имаат состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски
Владин тим предводен од премиерот Димитар Ковачевски утре ќе има средба со компанијата за природен гас што ја посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ова вечерва го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, кој додаде дека и тој ќе учествува на средбата.Како што вели, средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата.
„Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас“, истакна Бектеши.Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.
„Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите“, подвлече Бектеши.Состанок пак со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа