Владата на Црна Гора одлучува за скратување на мандатот на Собранието

На предлог на премиерот Здравко Кривокапиќ, црногорската Влада на електронска седница одлучува за скратување на мандатот на Собранието на Црна Гора, јави подгорички Вијести.

Според Уставот на Црна Гора, мандатот на Парламентот може да заврши предвреме – со скратување на мандатот или со негово распуштање.

Предлогот за намалување може да го поднесат претседателот на Црна Гора, владата или најмалку 25 пратеници, а одлуката за скратување на мандатот се носи со мнозинство гласови од сите пратеници.

20.01.2022 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега