Вјоса Османи во Гранада: Нема причина да се сретнеме со Вучиќ додека не му бидат воведени санкции

 

 

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска, во Гранада, во пресрет на почетокот на самитот на Европската политичка заедница, изјави дека нема причина да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, додека не му бидат воведени санкции.

Османи на новинарите пред самитот изјави дека Шпанија е земја што придонесува за мирот и стабилноста во цела Европа и дека се надева оти Шпанија ќе сфати дека поддршката на агресорот во случај на конфликтот на 24 септември на северот на Косово не придонесува за мир и стабилност.

Косовската претседателка рече дека се надева оти Шпанија ќе им се придружи на другите земји за воведување мерки против Србија поради страшните акти насочени не само против Косово туку и против мирот и стабилноста во цела Европа.

05.10.2023 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега