ВИДЕО: Змија се замота околу велосипедот на скопјанец

На социјалната мрежа Твитер кружи снимка направена во Дебар Маало, а на која се гледа змија како ползи околу задното тркало на еден велосипед.

„Ако може рт, денес у Дебар Маало комшии ја сликале змијава. Не знам како се нашла тука па ако некој се разбира да каже нешто повеќе?", пишува во опис на видеото.

Луѓето во коментари пишуваат дек станува збор за леопардов смок, змија која воопшто не е опасна.

Еден корисник додал и дека е корисна, со оглед на тоа што лови глувци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.05.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега