(Видео) Во Србија објавена листа на ботови на Вучиќ, на списокот има над 14 илјади профили

 

 

Србија ја тресе нова афера откако на интернет се појави интерен список со повеќе од 14.000 ботови на Српската напредна партија (СНС) на социјалните мрежи, објави N1 Србија. Бот е лажен, понекогаш програмиран профил на социјалните мрежи кој има за цел да се претстави како профил на вистинска личност.

Списокот што протече во Србија ги содржи имињата и презимињата на луѓето кои стојат зад тие лажни профили, како и местата од кои доаѓаат.

Судејќи по тој список, чија веродостојност се уште не е потврдена, во тие активности се вклучени и вработени во јавниот сектор од сите делови на Србија. Никој од членовите на СНС не ги потврди ниту ги демантираше информациите кои стигнаа во јавноста.

Извесен Марко Јовановиќ од Твитер го интересира само политика. Лице со исто име, со цело срце ја поддржува владата и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и ја омаловажува опозицијата. Заедничко им е и тоа што и двајцата се алтер ега на Јанко Лангура.

Тоа име се наоѓа на списокот со над 14.000 бот-сметки од цела Србија, меѓу кои граѓаните ги препознавале своите соседи – наставници, вработени во јавната администрација, раководители на градски служби итн.

„Постојат различни категории на тие луѓе, таканаречени хејтери кои зборуваа против опозицијата, дури и против Србија, за да ги испровоцираат другите на социјалните мрежи, оние кои споделуваат различни профили на Српската напредна странка. Имате и највисоки координатори од сето ова, кои беа дури и под со име и презиме“, изјави експертот за медиуми и комуникации Игор Авжнер за N1.

11.07.2023 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега