ВИДЕО: Убавина на душата - синот на Ребека ја испеа „Дали ме сакаш“ од Калиопи

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески е жена од која може многу да се научи. И покрај сите тешкотии кои ѝ ги задава животот, таа не ја трга насмевката од своето лице.

Пејачката и нејзиниот сопруг, онкологот Мики Ристески е родители на три деца: Маркијан, Макариј и Доротеј.

Нивната животна битка е борбата со бooлеста на нивниот прв син Маркијан.

На 28 февруари се одбележува Светскиот ден на лицата со ретки болести. 

По тој повод Ребека на својот Фејсбук профил сподели видео од својот син Маркијан кој страда од туберна склероза, како ја пее песната „Дали ме сакаш“ од Калиопи. 

„Ден на ретките болести... Не можете ни да си замислите низ што се поминуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. 75% од лицата со ретка болест се деца“, напиша Ребека во описот на видеото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега