ВИДЕО: Студенти снимени како скокаат низ прозор - полицијата растурила корона забава во Англија

Студенти од Универзитетот Салфорд во Англија биле снимени како скокаат низ прозорците од првиот спрат за да избегаат од полицијата која упаднала на корона забава.

Може да се види како студентите им помагаат на другарите да се спуштат од висина од 12 метри.

Портпаролот на Универзитетот во Салфорд рекол дека се „свесни“ за проблемите и дека се „преземаат мерки“.

Додал дека Универзитетот ова го сфаќа како сериозна работа и порачал дека студентите ги потсетува на одговорност и импликации ако нивното однесување не е во склад со моменталните ограничувања и пораки.

Да потсетиме, Велика Британија е поделена на зони поради погоденоста од коронавирусот, па така на граѓаните од зона 2 им е забрането да се гледаат со луѓе кои не се членови на нивното семејство.

Исто така, не е дозволено собирање на повеќе од 6 лица.

Салфорд ѝ припаѓа на таа зона, а илјада студенти останале заробени ширум кампусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега