(ВИДЕО) Стоилковски: Сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница

„Штипската болница не е изградена, но тоа не го спречува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од антимакедонската клептоманска СДС, токму таа болница да е местото каде на најбрз можен начин се вработува неговата сопругата. Бочварски да е појасни се венчава во мај, а веќе во јуни, неговата сега сопруга добива работа во штипската болница. Тоа што дополнително боде очи во овој случај е што во исто време, во ист ден, во штипската болница се ухлебени и сопругата на Бочварски и нејзината сестра“. Ова го потенцираше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција, на која кажа дека жената на министерот Бочварски, Маринела, ама и нејзината сестра Мартина од клупа по дипломирање си се вработиле во штипската болница.

„За да работата биде појасна Маринела Серафимова сега Бочварска и нејзината сестра Мартина Серафимова во оваа болница се вработени, како велат во Штип, веднаш од клупа по дипломирање, односно по неполни три месеци стаж во приватна здравствена установа.

Оттука, Благој Бочварски должи одговори:

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени како општи докторки на специјалистички оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница Штип, со дозвола на директорот на болницата, член на клептоманската СДС, Ален Ѓорѓиев?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра ухлебени во штипската болница се директно „од клупа“ веднаш по дипломирањето и без тримесечен стаж?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра се вработени во ист ден во штипската болница без оглас распишан од болницата?

Дали е точно дека сопругата на Бочварски и нејзината сестра немале шестмесечен работен стаж во приватна установа пред да бидат вработени во штипската болница без оглас?

Дали е точно дека Благој Бочварски ја злоупотребил својата позиција како министер за да го изигра системот и без распишан оглас неговата сопруга и нејзината сестра да се вработени во штипската болница?

И последно, дали и како е можно без работен стаж од шест месеци, ухлебена  во јуни, сопругата на Бочварски да користи годишен одмор во август?“, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.

„Благој Бочварски нема одговор зошто не е готов автопатот Скопје - Блаце што требаше да биде завршен, ниту автопатот Кичево - Охрид којшто исто така требаше да биде завршен, нема ниту изграден современ пат до Прилеп и Битола. Ништо од секторот на миленикот и протежето на Зоран Заев не е сработено и изградено, ама затоа за неговата сопруга и за нејзината сестра итно е отворена работа во штипската болница. Нема градба, нема капитални инвестиции, одговор од Бочварски затоа нема, бидејќи одговорот веројатно е едноставен, човекот веројатно се грижи за семејните вработувања. Здравството е во колапс, луѓе умираат во болничките ходници дури и на клупите пред болниците ама затоа министерските семејства мора да бидат ухлебени на буџет“, изјави Стоилковски.

25.09.2022 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега