(ВИДЕО) Скандалозно: Владата им забрани влез на новинарите, караници пред платото на Свети Спас

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

На новинарите, пак, влезот во црквата им е забранет. Владата одреди тие чествувањето да го следат од платото пред цквната Св.Спас од каде се гледа само влезот на црквата. Дополнително објаснуваа дека добро е што и пред платото е дозволено да стојат, затоа што првичниот план бил да не биде дозволено нивно присуство.

Владини службеници се распоредени на сите точки на платото пред црквата, но место да одгворат на потребите на новинарите тие се расправаат со нив.

Кога снимателите бараа да останат на платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата.

На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор.

Службеничката Ирена Смиљанска од Владата им посочи на новинарите дека пред платото може да снимаат со телефон.

Ваковото однесување предизвика револт кај новинарските екипи. За сите е недозволено Владата да постапува на ваков начин.

Тие им посочија на службениците дека знаат за високиот ризик кој го има настанот, но дека никој не смее да го загрозува правото на слободно известување на медиумите.

Во изминативе два дена, имаше низа рекации од ЗНМ за ограничувањата определени од Владата.

04.02.2023 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега