ВИДЕО: Силно невреме во регионот - дождот ги поплави улиците, водата влезе во автобусите

Ширум Хрватска е облачно и врнежливо, а дожд врне и на истокот на земјата, северот и средниот дел на Јадранот, во Горски Котор.

Како што најавуваат метеоролозите, локално е можно посилно невреме. Невремето ќе биде проследено со грмежи до крајот на денот.

Поради силните врнежи поедини улици во Ријека се поплавени. Кај еден подвозник се создало вистинско езеро и автомобилите, па и автобусите, едвај поминуваат.

Морале да интервенираат и пожарникарите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега