ВИДЕО: Плетените држачи за саксии се апсолутен хит - како да ги направите сами за само 2 минути

За правење на интересни држачи за саксии кои ќе го збогатат секој простор, ви се потребни само малку подебел канап, метро и ножици.

Наш предлог е да одберете канап во некоја впечатлива боја, за вашата тераса или ентериер да бидат што пошарени.

1. Исечете 4 парчиња со еднаква должина. Секое од нив нека биде околу 1 метар долго.

2. Свиткајте ги на половина и врзете ги во чвор.

3. Спојте 2 парчиња канап и повторно врзете ги во чвор така што да бидат околу 40 центиметри оддалечени од главниот чвор на врвот.

4. Оставете 10 центиметри простор, а потоа уште еднаш повторете ја оваа постапка. Спојувајте по 2 парчиња канап во еден чвор за да добиете мали триаголници.

5. Ставете ја саксијата внатре и уште еднаш врзете ги сите канапи во чвор под неа. Можете да додадете и неколку перли за да изгледа уште поинтересно како што е прикажано на фотографијата.

Правењето навистина не е тешко, а сите детали и инструкции можете да ги погледнете во видеото во продолжение:

19.10.2021 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа